По успешно извршено плаќање на нарачаните производи, нашиот систем нè известува за Вашата нарачка.

Нашите оператори ќе Ве контактираат за потврда и проверка на сите податоци, во рок од 48 часа. Од моментот на потврдување на нарачката, рокот за испорака до купувачот е од 3 до 7 работни дена, во зависност од избраните стакла кои ќе се вградат на Вашата рамка.

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9 до 17 часот.
Доколку курирот не Ве пронајде на адресата за достава, вообичаена пракса е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го навеле при купување или го имате внесено на Вашата корисничка сметка на нашата веб страница, со цел да договорите термин за достава на производот.
Доколку и по вториот обид за достава не го подигнете производот, тој ќе ни биде вратен нам и ќе биде достапен за подигнување само од нашите продажни салони.

Производите нарачани од нашата веб страница имаат бесплатна достава на целата територија на Р. Македонија. Трошоците за испорака на нарачките со наведена адреса на достава надвор од нашата држава ќе се наплаќаат при подигање на нарачката, според ценовникот на компанијата што го врши транспортот.

Затвори Кошничка
Затвори Желби
Неодамна прегледани Затвори

Затвори
Навигација
Категории