Што е приватност на интернет?

Со самата посета на нашата веб страница, вашиот уред (компјутер, таблет, телефон итн.) разменува податоци со нашиот сервер, како: кој прелистувач го користите, IP адреса од која пристапувате, достапност на колачиња и сл.
Овие податоци ние ги зачувуваме за да Ви овозможиме подобри резултати при прелистувањето на нашата страница.
Оптика Bella Vista Ви гарантира дека податоците што ги зачувува страницата под ниеден услов НЕМА да бидат:

  • Објавени јавно
  • Злоупотребени за приватни цели
  • Споделени со трети лица

Нашата веб страница никогаш нема да Ви побара чувствителни информации, како што се: број на лична карта, матичен број, број на трансакциска сметка, ПИН на картичка и слично.

IP адреси & колачиња

На секој корисник кој има пристап на Интернет, му се доделува единствена IP адреса. IP адресата има можност да открие од каде точно пристапувате на нашата страница.
Нашата веб страница ги зачувува IP адресите на сите посетители, поради безбедност на нашите корисници.
Колаче (анг. cookie) е текстуален документ кој може да содржи информации од типот: која е вашата последно посетена страница, податоци за најавување, време на посета на одредена страница итн.
Нашата веб страница може да зачува колаче на Вашиот хард диск без пред тоа да Ве информира.
Оваа технологија се користи за да Ви обезбедиме безбедно користење на нашите услуги.
Колачињата ќе бидат на Вашиот хард диск, сè додека Вие не ги отстраните.

Лица под 18 години

Доколку имате помалку од 18 години, можете да ја користите нашата веб страница, но при нарачка треба да нагласите дека сте малолетен корисник и нашите оператори ќе имаат до знаење дека корисникот може, но и не мора да користи лични информации при купување на нашите производи.
Купените производи од малолетен граѓанин ќе се подигнуваат исклучиво од нашите продажни салони, без разлика дали при реализирањето на купувањето имате наведено „Адреса на достава“.
Направените трансакции од малолетни граѓани, НЕМААТ можност да бидат рефундирани.

Точност на Вашите податоци

Ве молиме доколку одлучите да ги користите нашите услуги да наведете точни податоци, за да можеме полесно да го доставиме купениот производ до Вашата адреса.
Оптика Bella Vista НЕМА да биде одговорна доколку Вашите внесени податоци не се точни и поради тоа купениот производ заврши на друга адреса.
Вие сте должни да го ажурирате Вашиот профил со Вашите тековни податоци и информации, така што ќе се најавите со Вашата корисничка сметка и ќе ги промените.

Линкови кон надворешни извори

Веб страницата на оптика Bella Vista може да содржи линкови кои водат до други веб страници. Ве молиме бидете свесни дека ние НЕ одговараме за политиката за Приватност на следените веб страници.

Затвори Кошничка
Затвори Желби
Неодамна прегледани Затвори

Затвори
Навигација
Категории