Правила и услови

Оптика Bella Vista Ви овозможува широк спектар на услуги кои можете да ги користите на оваа интернет страница. Целата содржина и сите услуги кои ги нудиме подлежат на долунаведените „Правила и Услови“. Со самата посета на нашата интернет страница и користењето на нашите услуги, се смета дека корисникот е запознаен со овие „Правила и Услови“ и дека истиот ги прифаќа во целост и на сопствена одговорност.

1. Општи одредби

Оптика Bella Vista ги има во целост авторските права на сите содржини што се наоѓаат на оваа веб страница, вклучувајќи ги сите текстови, документи, слики, базата на податоци, дизајнот и програмскиот код. Секое неовластено копирање, делумно или во целост, се смета за прекршување на авторските права на сопственикот и подлежи на тужба.
Оптика Bella Vista го задржува правото за промена на овие услови во било кое време со ажурирање на овој документ, без дополнително известување. Вие како корисник се обврзувате повремено да ја посетувате оваа страница со цел да ги прегледате актуелните услови.

2. Комуникација помеѓу корисникот и нашата веб страница

Личните податоци кои ги внесувате на нашата веб страница, под ниту еден услов НЕМА да бидат:
  • Објавени јавно
  • Злоупотребени за приватни цели
  • Споделени со трети лица
Нашата веб страница може да Ви побара лични информации како што се име, презиме, адреса на живеење, град, е-пошта, сè со цел да Ви го подобри и поедностави користењето на истата.
Нашата веб страница никогаш нема да Ви побара чувствителни информации, како: број на лична карта, матичен број, број на трансакциска сметка, ПИН на картичка и слично. Доколку се случи тоа, од било кои причини, Ве молиме да нè контактирате овде.

3. Обработка на личните податоци при регистрација

Вашите внесени лични податоци при регистрација, се обработуваат со единствена цел, да Ви ги доставиме нарачаните производи на домашна адреса.
Вашите внесени лични податоци при регистрација, НЕ се обработуваат во ниеден друг контекст, намена или аналитика.

4. Достава, враќање и рекламации на производите

Доставата до корисникот е објаснета во „Достава до купувачот“. Корисникот е должен по примање на производот детално да го провери истиот. Во случај производот да е оштетен или од било која причина нефункционален, корисникот има право да го врати производот и да бара соодветна замена на истиот.
Доколку не сте задоволни од купениот производ, исто така имате право да го вратите во рок од 7 дена, пресметано од датумот на подигнување на истиот.
Доколку се одлучите да го вратите производот од кој не сте задоволни, ние ќе Ви ги рефундираме средствата делумно или во целост согласно со точка 4 од овој правилник.

5. Рефундирање на средства

Доколку корисникот од било која причина не е задоволен од купениот производ, има право да го врати во рок од 7 дена, пресметано од датумот на подигнување на истиот.
5.1 Делумно рефундирање на средства
Делумно рефундирање на средства значи дека ќе биде рефундирана сума во висина на цената на рамката, не вклучувајќи ја цената на избраните оптички стакла, кои корисникот има право да ги задржи.
5.2 Целосно рефундирање на средства
Целосно рефундирање на средства значи дека ќе биде рефундирана целата сума што ја имате платено на нашата веб страница. Ова важи за очилата за сонце и оптичките рамки на кои претходно немате изберено да се вградат стакла со заштита. Секој вратен производ кој ги исполнува условите за рефундирање од оваа точка, треба да биде вратен целосно во истата состојба од денот кога е примен и да не е оштетен или гребнат.

6. Обработка на личните податоци во „Закажи преглед“

Вашите лични податоци внесени при закажување на Оптометриски преглед, се обработуваат со единствена цел да Ве идентификуваме при доаѓање на закажаниот преглед.
Вашите лични податоци внесени при закажување на Оптометриски преглед, НЕ се обработуваат во ниеден друг контекст, намена или аналитика.

7. Лични податоци

Доколку корисникот сака неговите лични податоци да бидат избришани од нашите сервери, потребно да е поднесе писмено барање во некој од нашите продажни салони.

8. Фер користење

Нашата веб страница постојано се надоградува и може да се случи при користење на истата некои од функционалностите да не работат привремено или да јавува грешка. Ве молиме сите несакани искуства да ни ги опишете на следниов линк.

Офицер за заштита на лични податоци

Енис Сулејман
enis@bellavista.mk
+389 71 231 011

Back to top