Без разлика дали се носат поради потреба или како моден детал, очилата се неизбежен дел од секојдневието на голем број луѓе.
За жал, голем дел од луѓето се скептици кога станува збор за купување online.
Се прашуваат: „Дали е безбедно?“, „Што ќе добијам?“, „Дали ќе го добијам тоа што го сакам?“ и слични прашања поради кои онлајн купувањето се уште заостанува далеку зад традиционалниот начин на купување.
Во понатамошниот текст, ќе се обидеме да Ви одговориме на сите заблуди што настануваат при помислата да се купи online. Да, купувањето ONLINE е 100% безбедно.
Нашата веб страница користи најсовремена технологија за обработка и процесирање на плаќањето online.
При внесувањето на податоците за картичка тие се испраќаат преку SSL криптирана врска со нашиот податочен центар. Ова значи дека истите податоци пред да се испратат ќе бидат променети во јазик, фраза или збор што само компјутерот може да го препознае.
Пример: Внесувате број на картичка 1234 5678 9012 3456 и во моментот кога ќе притиснете Продолжи, бројот на картичката пред да се испрати на процесирање се претвора во нешто слично на ова:
d18f6a651a808ca7821063a86ddfd172f80eb7903f4d659ffd214b750fa83a4259c890cca
со тоа што оваа фраза може да ја препознае само компјутер. Со купувањето online заштедувате време и пари. Многу е полесно да купите нешто што го сакате со неколку клика на Вашиот компјутер, отколку да талкате по градскиот метеж и да изгубите многу од Вашето драгоцено време.
Исто така при купување online, ние нудиме екстра дополнителен попуст и до 50%. Пред да купите онлајн консултирајте се со нашите оператори за online попуст овде.
Како да купите online и како да го искористите попустот, можете да прочитате овде.
Доколку веќе носите очила, се што треба да направите е да ги споредете големините на вашата постоечка рамка со некоја од рамките од нашиот спектар на производи.
Големината на рамката обично ја пишува на внатрешната страна од десната рачка на очилата во облик сличен на овој: Exess348 55-17-140
Ова значи дека вашата рамка е од бренд Exees модел 348 со 55мм ширина на стакло, 17мм ширина на мост и 140мм должина на рачка.
Под секој од нашите артикли ги пишува овие димензии и пред купување на очила online можете ги споредите овие големини.
Исто така, ние Ви нудиме единствена можност очилата да се пробаат online. Десно од очилата што ги избравте постои дел каде може да прикачите слика и да пробате како би изгледале со тие очила.
Back to top